Пожарот во штипскиот дел на Серта се шири кон селото Пиперово

Од:

Огнените јазици одат во атарот на штипското село Пиперово на планината Серта, вели градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов и додава дека ова е ново жариште и линијата на огнот на оваа планина се зголемува.

Јорданов посочува дека попладнево пожарникарите и вработените во останатите институции кои се ангажирани во гаснењето на пожарот се во тој дел на планината.

Тој најави дека и вечерва ќе биде свикан кризниот штаб и мобилизација на луѓе и машини кои ќе го спречат огнот да влезе во селото Пиперово.

Утринава во штипскиот дел се гасеше и од воздух. Но, македонските и турските ер трактори, како и хрватскиот канадер заминаа на други пожари во земјава.

Би можело да ве интересира

Се чека пристапен терен за интервенција на пожарот во Дојран

Осум пожари на отворено, три сè уште активни

ВИДЕО: Драма кај Требиње: Пожарот се доближи до селата, пожарникарите цела ноќ ги бранеа куќите

Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот

Активен е еден пожар, седум изгаснати

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати