(ВИДЕО) Шестмина загинати во пожар во трговски центар во Кина

Од:

Шест лица загинаа, а некои останаа заробени во зградата откако денеска избувна пожар во трговски центар во Кина, јавува кинеската државна телевизија CCTV.

Пожарот избувнал околу 18 часот по локално време во трговски центар во градот Зигонг, во кинеската провинција Сечуан. На снимката која се појави на социјалните мрежи се гледа огромен облак од црн чад како се издига над 14-катницата.

Речиси 300 работници за брза помош и десетици возила пристигнаа на местото на настанот.

Противпожарната единица го изгаснала пожарот во 20 часот и 20 минути.

Од центарот се спасени 30 лица. Не е познато колкумина се уште се заробени.

Во јануари избувна пожар во зграда во Кина, при што загинаа најмалку 39 луѓе. Неколку дена пред тоа изгоре интернат во провинцијата Хенан, при што загинаа 13 деца, пишува CNN.

Би можело да ве интересира

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Дождот ги изгасна сите пожари на отворено

Голем пожар во близина на Лос Анџелес, загрозени се повеќе од 35.000 објекти

ВИДЕО: Еден од најсилните тајфуни однесе се во Виетнам, има загинати и повредени

Предраг Петровиќ