ВИДЕО: Поради пожарот на Богородица/Евзони, возилата се пренасочуваат на Дојран

Од:

Поради пожарот на грчка страна во прекин е сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони, а возилата се пренасочуваат на граничниот премин Дојран, информираат денеска од АМСМ.

Претходно МВР ги извести граѓаните дека поради пожар кој избувнал на грчка страна, во прекин е сообраќајот преку Граничниот премин Богородица. Се преземаат интензивни мерки за гасење на пожарот и по неговото гасење, повторно ќе биде овозможено преминување преку граничниот премин.

Од полицијата апелираат до граѓаните да не се упатуваат кон граничниот премин додека не биде објавено дека пожарот е изгаснат и сообраќајот нормализиран.

На камерите на Јавното претпријатие за државни патишта може да се забележи дека има три колони возила кои чекаат на излез од државата и не се движат.

Дописничката на МИА од Атина јави дека шумски пожар избувнал во близина на граничниот премин Богородица од грчка страна, оти преминот е затворен, превентивно и привремено, најверојатно поради чадот.

Во гаснењето на пожарот интервенираат 39 пожарникари со два пешадиски тима, 12 возила и еден хеликоптер.

Извори од противпожарната служба на Грција за МИА велат дека пожарот е во тек и е во непосредна близина на границата.

Би можело да ве интересира

АМСМ: На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања

На „Богородица”, „Дојран” и „Табановце” за влез во државава се чека половина час

Катерина Ѓуровски

Златен накит вреден 1,1 милиони денари е запленет на „Богородица“

Гиулекас: Поставуваме модуларни контролни пунктови на „Евзони“ за да се скрати времето на чекање

Ако има големи гужви, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци

Километарски колони и доцнења на граничниот премин „Евзони“ за влез во Грција

Горан Наумовски