Владата го укина заклучокот за исплата на 252 милиони евра на „Бехтел и Енка“

Од:

Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка Влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на Проектот за изведба на автопатот Коридор 8, Делница 2: Гостивар-Букојчани од дополнителни 252.699.474 евра, кои не се планирани и обезбедени во Буџетот, ниту се економски исплатливи, информираат денеска од владината прес-служба.

Од Владата најавуваат дека за овој заклучок ќе биде известено и Основното јавно обвинителство.

-Овој заклучок бил усвоен на 13 јуни оваа година, повеќе од еден месец после изборите и на неколку дена пред донесување на Одлуката за избор на нова Влада на Република Северна Македонија, како и економската неисплатливост за реализација на истиот, се вели во денешното соопштение од Владата.

Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката Влада за делницата Гостивар – Букојачани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. Сепак е клучно, напомена Димитриеска Кочоска, дека во период на техничка влада не може да се носат одлуки за зголемување средства.

-Клучно е дека во период на техничка влада не може да носат такви одлуки, за зголемување средства. За проект што се уште нема траса е кажано дека требало да поминува низ некој дел кој дополнително ги зголемувал трошоците, имало некаква пештера, требало да се избегне, а трасата не ја знаеме која е. Верувам дека министерот за транспорт ќе сподели подетални информации, не би сакала да завлегувам повеќе во тој дел, истакна Димитриеска Кочоска на прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата за ребалансот на Буџетот.

Според неа, министерот за транспорт континуирано комуницирал со таа и со сите други компании со кои се почнати проекти за да види дали ќе има реализација или не, зашто „само се резервираат средства кои понатаму не се реализираат“.

Би можело да ве интересира

Влада: 250 милиони евра за 357 понудени проекти

Град Скопје поднесе 20 проекти на јавниот повик на Владата

Влада: 84.000 државни административци ќе добијат по 11.000 денари К15

Горан Наумовски

СДСМ: Дали Владата планира да именува национален координатор за координација на координаторите?

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада