Утре од воздух ќе продолжи гаснењето на пожарот на планината Огражден

Од:

Пожарот на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на општина Ново Село, што избвувна пред седум денови, ќе продолжи да се гасне и утре, објави градоначалникот Ѓорѓе Божинов.

До крајот на денешниот ден, пожарот се гаснеше со помош на хеликоптерите „Камов“ од Србија и „Блек хоук“ од Турција, дел од меѓународната помош што ја доби државава за гаснење на пожарите.

– Зафатена е огромна површина борова шума и хеликоптерите од Србија и Турција ќе работат сѐ додека е видливо, а ќе продолжат со засилена акција рано наутро. Денес, цел ден на терен се и екипи на ТППЕ – Струмица, храбри луѓе кои спречија ширење на пожарот на местата каде не може да пристапи човечка нога, се наведува во објавата на градоначалникот на Ново Село.

Од ТППЕ – Струмица појаснуваат дека се работи за крајно недостапен терен, со екстремно високи температури, кои под влијание на големиот пожар имаат развиено специфична микроклима со температури над 50 степени Целзиусови и засилен ветер.

Вчера беше изгаснат крајниот северозападен крак од од пожарот, а денеска се продолжи со гаснење на југозападниот крак, веднаш до граничната линија со Бугарија.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип