Во штипскиот регион на планината Серта пожарите се гаснат од земја

Од:

Во штипскиот дел на планината Серта пожарите што се на неколку локации никако да стивнат. Командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) од Штип, Благој Ренџов вели дека во моментот штипските пожарникари се на трасата на гасоводот, кој оди кон Неготино, со цел да се спречи префрлувањето на огнот кон приватното ловиште, во кое има голем број на дивеч.

– Направивме сеча на дрвја со цел да не се префрли пожарот кон приватното ловиште. Жално е да изгоре толкав голем број на дивеч. Пожар има и над Драгоево, тоа е ридот Штракалево кон полигонот Пенуш. Овде пожарот оди во два правци кон доловите, појаснува Ренџов.

Тој посочува дека воздушна поддршка се уште нема во овој дел на планината Серта. Претпладнето на координативниот состанок беше побарано да се дејствува од воздух, поради непристапниот терен. Се очекуваше по 15 часот да дејствуваат македонските и турските „Ер трактори“, но според информациите, тие се повторно вратени на пожарот кај Битола.

Во гаснењето на пожарот во штипскиот дел на Серта ангажирани се пожарникари, припадници на Армијата и полицијата и на други институции. МИА претходно информираше дека зоната околу полигонот Пенуш е забранета за месното население, а по неа може да се движат само војската и пожарникарите, бидејќи има неиспукана муниција.

Според најавите на командирот на ТППЕ Штип вечерва повторно нивни екипи ќе дежураат на терен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вонредна состојба во Невесиње: „Се очекува да пристигне хеликоптер за да помогне во гаснењето на пожарот“

ЦУК: Активни се девет пожари низ државата

ЦУК: Пет пожари се активни, а четири се под контрола

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор

Денеска има рекорден број на пожари во еден ден низ Македонија

Горан Наумовски

Активни два пожара на отворен простор, изгаснати 12 до 18 часот