Локализиран e пожарот кај Црвени Брегови, се следи состојбата на терен

Од:

Локализиран е пожар кај неготинското село Црвени Брегови, се следи состојбата на терен, информираше попладнево градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов.

-Поради појава на нов пожар во близина на населеното место Црвени Брегови, апелирав на голема внимателност. Воедно упатуваме и апел до сите граѓани кои патуваат со своите моторни возила или пак се движат во предели каде има шума или сува трева, да не фрлаат запаливи предмети и отпадоци (отпушоци), во интерес на општата безбедност на заедницата, соопшти Стојанов.

Се уште е активен пожарот на планината Серта што избувна во средата во 10:30 часот.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Осум пожари се активни, еден е под контрола

Пожарот меѓу селата Горно Чичино и Долно Чичино се прошири и е надвор од контрола

(ВИДЕО) Ставен е под контрола пожарот на Жеден

ЦУК: Активни се седум пожари, два се под контрола

Михаилов: Ова што ни се случува на планината Китка е тероризам

Локализиран e пожарот кај селото Гујновци во Пробиштип