Ин мемориам: Почина проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ

Од:

На 84-годишна возраст денеска почина Кики Мангова Поњавиќ (1940 – 2024), редовен професор во пензија на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на Катедрата за финансово право и финансии.

-Со нејзината смрт загубивме драга и почитувана колешка, која беше извонреден предавач, одличен педагог, посветен наставник и истражувач и особено ценет експерт во областа на науката во која делуваше. Зад себе остави бројни генерации професори, соработници и студенти кои вечно ќе ја паметат.
Ќе остане запаметена како доајен од областа на финансовото право и финансиите, пишува во објавата од вработените на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Посмртните останки на проф. д-р Кики Мангова Поњавиќ ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Бутел на 17 јули 2024 година (среда) од 10 до 11 часот.

Би можело да ве интересира

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд

Почина хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан

Почина Исмаил Боја, почесниот претседател на Сојузот на Македонците со исламска вероисповед