Левица: Само во Македонија црвен аларм за опасност од топло време е на 44 стрпени Целзиусови

Од:

Само Република Македонија од земјите во регионот има високи прагови на црвени аларми кога станува збор за опасноста од екстремните временски услови. Имено, црвениот праг според постоечките правилници е на фрапантни 44 степени Целзиусови, а Институтот за јавно здравје најавува зголемување и на тој праг велат од Левица.

– Проф. д-р Михаил Кочубовски од Институтот за јавно здравје во неколку наврати ја залажува јавноста дека црвениот праг од 44 степени Целзиусови е во нормални граници. Ваквиот скандалозен став само потврдува дека властите воопшто не се грижат за здравјето на обичниот народ.

Кочубовски ѝ стана познат на јавноста уште во поставата на Министерството кога на чело беше Тодоров, откако изби скандалот дека водата во Дојранско Езеро е загадена и дека се забранува за капење. Кочубовски тогаш излезе во јавноста да ја брани тогашната Влада на ДПМНЕ, тврдејќи дека постои нов правилник, според кој водата воопшто не е загадена, туку има одличен квалитет и може слободно да се користи.

​​​​Истото залажување на јавноста го гледаме и сега, кога се потребни реални решенија за заштита на ранливите категории и хроничните болни, а Владата преку Кочубовски ги изложува на ризик работниците, хроничните болни и децата, само за да го заштити интересот на газдите.

Левица алармира дека постоечкиот праг од 44 степени Целзиусови за издавање на црвен аларм е премногу висок и не го рефлектира вистинскиот ризик по здравјето на населението. Институтот ИТНО треба да го ревидира и прилагоди прагот за алармирање, земајќи ги предвид најновите научни сознанија и препораки од меѓународните здравствени организации!

Владата треба ИТНО:
– да воведе флексибилно и скратено работно време за работниците;
– да иницира ослободување од работа на хронично болните и онколошките пациенти;
– да организира информативни кампањи и обуки за заштита од топлина;
– да спроведе засилени инспекции и санкции за непочитување на мерките;
– да обезбеди дополнителна грижа и помош за старите лица, болните и другите ранливи групи преку мобилни здравствени тимови и климатизирани јавни простори сè со цел да се заштити здравјето и благосостојбата на сите граѓани, се вели во соопштението од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Изгореа над 94 000 хектари шума или 9,5% од вкупната шумска површина – кој ќе понесе одговорност?!

Мециновиќ: Претседателката на државата направи потег кој оди против македонските интереси

Променливо облачно со сончеви периоди

Катерина Ѓуровски

Поради поплави затворен автопатот во Австрија, се е под вода

Предраг Петровиќ

Левица: Таравари да каже колку пари чинат новите советници кои претходно биле економски директори

Горан Наумовски

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија