ВИДЕО: Серта гори петти ден, пожарите не стивнуваат

Од:

Петти ден беснее пожарот на Планината Серта кој е поделен на три крака. И денеска стотина војници, полицајци, пожарникари и локално население со помиж на хеликоптери и ер-трактори се обидуваат да го стивнат огнот и конечно пожарот да биде ставен под контрола.

Од денеска во земјава помагаат еден хеликоптер и два ер-тракотра од Труција.

Премиерот Христијан Мицкоски очекува дека во текот на утрешниот ден или најдоцна до задутре да биде ставена под контрола ситуацијата со пожарите.

Во изјава за медиумите дадена денеска во Охрид, Мицкоски рече дека покрај помошта од Турција која денеска пристигна, се очекува помош и од Србија, Црна Гора и Словенија.

– Од Турција се пристигнати два авиони и еден хеликоптер. Двата воздухоплови веќе работат на смирување на охнената стихија во атарот на општината Ново Село, а хеликоптерот сега се упатува во неготинскиот крај. Очекуваме помош и поддршка, и тоа само во воздухоплови бидејќи станува збор за непристапни региони, и од Србја, Црна Гора и Словенија, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се 17 пожари на отворено во Македонија

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот на Пелистер не стивнува – на терен се пожарникари, механизација и воздухоплови

Горан Наумовски

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

(ВИДЕО) Пожарот кај Макази се шири кон Пелистер, има индиции дека е подметнат

Горан Наумовски

Отстранети опасни гранати од минатите војни од предел зафатен од мариовскиот пожар

Пет пожари активни, еден под контрола