Томас Метју Крукс (22) е идентификуван како напаѓачот кој се обиде да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп. По инцидентот на социјалните мрежи се појави видео на кое измамник се претставува како атентаторот Томас Метју Крукс во кое вели: „Јас сум Томас Метју Крукс. Ги мразам републиканците, го мразам Доналд Трамп“.
На крајот од видеото тој вели: „ Убивте погрешен човек“.
Веднаш по неуспешниот обид за атентат, Метју Крукс беше застрелан односно убиен од амеркинаските служби. Креаторот на ова видео е корисник на социјалната мрежа X со корисничко име: @jewgazing. Клипот поради дезинфорамциите што ги направи веднаш почна да се отстранува од социјалните мрежи.