ВИДЕО: Објавена е снимка на која се гледа реакцијата на обезбедувањето на Трамп

Од:

На X е објавено видео од снајперист за кој се вели дека работел за безбедноста на Трамп. Се чини дека забележал нешто секунда пред Трамп да го допре неговото уво.

Fox News објави видео на кое се слуша како луѓето викаат дека некој има пиштол. Како што пишуваат, камерата ги фатила хаотичните моменти откако учесниците сфатиле дека некој е вооружен. Видеото, снимено од публиката, го прикажува Трамп на сцената како зборува. За неколку секунди се слуша како некој вика: „Има пиштол!“

Неколку луѓе од толпата се чини дека сфатија дека едно лице е вооружено пред да одекнат истрелите.

„Тој има пиштол! вика еден од присутните. „Тој е на покривот! вика друг. Тогаш се слушнаа неколку истрели.

На видеото потоа се гледаат учесниците на митингот како бегаат. Се слуша глас кој ги советува другите да не се приближуваат до зградата каде што е убиецот. За неколку секунди е очигледно дека стрелецот е неутрализиран. „Мртов е. Му пукаа во глава“, вели некој на видеото.

Би можело да ве интересира

Трамп ги обвини Бајден и Харис: Се обидуваат да ме убијат поради вас

Додик му пиша на Трамп: „Претседателе, чувајте се, ни требате да победите“

Трамп: Пукаа во моја близина, никогаш нема да се предадам

ВИДЕО: Со калашников дошол на 400 метри од Трамп, втор обид за атентат во два месеци

Катерина Ѓуровски

Приведен е маж поврзан со истрелите во близина на Трамп

A1on

Испукани куршуми во близина на Доналд Трамп додека играл голф

A1on