(ВИДЕО) Пукано е во Доналд Трамп на митинг во Пенсилванија

Од:

Поранешниот претседател Доналд Трамп беше повреден во пукотница на неговиот митинг во Батлер, Пенсилванија.

По истрелите, Трамп падна на земја. Тој беше подигнат од обезбедувањето и имаше крв на лицето, кај десното уво. Обезбедувањето се собра околу него, а тој за кратко време стана и ја подигна раката, упатувајќи знак дека е добар.

Тајната служба изјави дека Трамп е безбеден и под заштитни мерки.

Портпаролот на Доналд Трамп, Стивен Чеунг, рече дека поранешниот претседател „е добро“.

„Претседателот Трамп им се заблагодарува на органите на редот и на првите што реагираат за нивната брза акција за време на овој грозоморен чин. Тој е добро и е на преглед во локалната медицинска установа. Повеќе детали ќе следат“, се вели во соопштението на Чеунг.

Би можело да ве интересира

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Политико: Трамп и десетина негови поранешни соработници на иранската листа за отстрел

A1on

(ВИДЕО) Едно лице загина, 12 повредени во престрелка на забава за Денот на вештерките

A1on

Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад

Пукање во Чаир, еден повреден