Дваесет и двајца ученици загинаа во двокатното училиште кое се урна во Нигерија, пренесуваат светските агенции.
Училиштето „Сеинтс Академи“ во државата Плато се урнало набрзо откако учениците дошле на првиот час, а повеќето од нив имале 15 години.
Околу 150 студенти се затрупани во урнатините, а 132 се хоспитализирани, изјавил портпаролот на полицијата.
Спасувачите, здравствените работници и безбедносните сили ги пребаруваат урнатините, соопшти нигериската Национална агенција за управување со вонредни состојби.
Владата тврди дека причина е „слабата градба на училиштето“ и тоа што е изграде покрај река.
Во Нигерија ваквите инциденти се вообичаени поради лошите регулативи, кои не ги исполнуваат стандардите кога станува збор за градежни материјали.