Мемов: Mакедонија е секуларна држава и одговорност е на Претседателот на собранието да се грижи за дигнитетот на собранието и негова заштита од злоупотреби

Од:

Движењето ЗНАМ-За наша Македонија ги почитува сите религии на припадниците на етничките заедници во Македонија, но сакаме да потенцираме дека Собранието не е и не смее да биде место за организирање на било какви религиски обреди, вели Никола Мемов, портпарол на Движење ЗНАМ-За наша Македонија.

-Согласно Уставот, Македонија е јасно декларирана секуларна држава. Религиозни обреди во институциите на државата не се дозволени. Политички, Собранието може на поинаков начин да го осуди геноцидот во Сребреница. Одговорноста е на Претседателот на Собранието да се грижи за дигнитетот на Собранието како и негова заштита од злоупотреби како највисок претставнички дом во Македонија. Овој чин на злоупотреба, исто како и непочитување на законот за употреба на знамињата, Движењето ЗНАМ-За наша Македонија го смета како чин на провокација и демонстрација на моќ од позиција на власт, преку прекршување на Уставот и законите на Македонија – тврди Мемов.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

Карапејовски: Пржинската влада мора да биде укината

Горан Наумовски

СДСМ: Обвинителството мора да постапи за спорниот тендер од 1,2 милиони евра

СДСМ: За колку тендери ЗНАМ ја продава Македонија?

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски