ВИДЕО: Долгоочекуваната прес конференција требаше да го спаси Бајден, направи два гафа

Од:

Американскиот претседател Џо Бајден излезе на сцената на неговата прес-конференција синоќа надевајќи се дека ќе го спаси своето претседателствување, надежите за реизбор и на крајот својот политички живот.

Тој ги отфрли сите грижи за неговатасостојба и когнитивните способности, и покрај фактот што новинарите го испрашуваа цел час речиси исклучиво за тоа. Тој тврдеше дека сака да ја заврши работата што ја започна кога ја презеде функцијата во 2021 година.

„Ако успорам и не можам да ја завршам работата, тоа е знак дека не треба да ја работам“, рече тој, додавајќи: „Но, сè уште нема знаци за тоа“. Како што пишува Би-Би-Си во анализата, тоа било знак или на упорна решителност или на човек кој не сака да признае во колку лоша ситуација се нашол – во зависност од перспективата.

Неколку минути по завршувањето на прес-конференцијата, уште неколку демократски членови на Конгресот јавно го повикаа Бајден да се повлече, приклучувајќи им се на најмалку десетина други пратеници во партијата на претседателот кои веќе го сторија тоа.

Прашањето за Бајден и неговиот тим по долгоочекуваната прес-конференција е – дали ќе попуштат?

На претседателот сигурно нема да му помогнат ниту два болни гафови кои ќе ги паметат сите што ги виделе.

Во својот прв одговор, тој ја нарече сопствената потпретседателка Камала Харис, „Потпретседател Трамп“, неверојатен гаф пред националната телевизиска публика.

Ова се случи само еден час по уште еден гаф од висок профил на самитот на НАТО, кога Бајден го претстави украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседател Путин“, предизвикувајќи гласни воздишки од публиката.

Брзо го исправи првиот гаф, оној со Зеленски. Тој не го фати вториот, иако некои новинари во собата изненадено мрмореа, а неколку негови советници седеа со скаменети лица во првиот ред од публиката.

Тие моменти, единствените големи гафови во инаку стабилен, но не силен настап, сигурно ќе ги поттикнат вознемирените демократи да се запрашаат дали ќе се случат уште гафови доколку претседателот ја продолжи својата кампања.

Но, засега, Бајден изгледа непоколебливо и инсистира дека ќе продолжи. Тој рече дека може да остане во чекор со рускиот и кинескиот претседател Владимир Путин и Кси Џинпинг, иако засипнатоста и кашлањето што беа присутни за време на неговата дебата со Трамп пред две недели, се чинеше дека сè уште се присутни.

Тој повторно инсистираше на тоа дека не му требаат когнитивни тестови, велејќи им на новинарите дека дури и да види „два или седум лекари“, неговите критичари нема да бидат задоволни. Изборната кампања, како што рече, едвај започна и е уверен дека може да го победи Доналд Трамп на ноемвриските избори.

Демократските делегати кои формално ќе го поддржат како кандидат на партијата на конвенцијата следниот месец, можат слободно да се предомислат, рече тој, пред да додаде со шепот: „Тоа нема да се случи“.

Тој рече дека ќе размисли за повлекување доколку неговиот персонал му каже дека не може да победи, но дека анкетите сепак покажуваат дека е во мртва трка со Доналд Трамп.

Бајден е во право. Анкетата на Ипсос објавена вчера, на пример, покажа дека Бајден заостанува зад својот противник за само еден процентен поен – многу во рамките на маргината на грешка. Ако едно е јасно од почетокот на годината, тоа е дека поддршката за двајцата кандидати остана неверојатно стабилна, и покрај невидената драма што ги опкружува и двајцата.

Сепак, анкетите сами по себе нема да ја смират паниката што ја зафати многу демократски функционери, дел од нив отворено го повикаа Бајден да се повчеле и да го отстапи местото на друг, помлад и повитален кандидат.

Би можело да ве интересира

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Бајден наполни 82 години и стана најстариот актуелен претседател во историјата на САД

Медведев: Можеби старецот Бајден решил да го напушти овој свет и да земе дел од човештвото со себе

Катерина Ѓуровски

Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Бајден одобри Русија да биде нападната од американски ракети

Горан Наумовски

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски