Се фотографирала кај Заливот на коските во Охрид: Тешко повредена скопјанка

Од:

32-годишна жена од Скопје тешко се повредила додека се фотографирала до металната ограда кај комплексот „Залив на коски“ информираше МВР.

– На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски” во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди, се вели во соопштението од полицијата.

Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.

Би можело да ве интересира

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

19-годишник пронајден мртов во стан во Битола

Уапсен 18 годишник, се заканувал дека ќе постави бомби и ќе изврши убиства во средно училиште

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка