Амбасадорите на нашите пријателски земји и стратешките партнери насочуваат како треба да дојдеме до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ.
Северна Македонија не е на друга планета, туку географски, културен, социјален и политички дел на Западот.
Жал ни е што ВМРО се враќа и со кадри и со политики во времето на Груевски. Од друга страна, драго ни е што ова вистинско и нереформирано лице на ВМРО ќе ги сензибилизира сите оние фактори кои речиси заборавија од каде доаѓаат овие луѓе.
Речникот на Вучиќ и понатаму ќе биде дел од вокабуларот на Христјан Мицковски.
Заробувањето и дисциплинирањето на судството од страна на ВМРО е стара опсесија и најостро го осудуваме секој таков обид, реагираат од Алијанса на Албанците.