(ВИДЕО) Кузеска: Наместо професионалци и промени како што ветуваше ВМРО – ДПМНЕ, гледаме партизација пред квалификација

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја партизира државата со враќање стари кадри, оценуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција рече дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.

– Наместо професионализација и промени коишто се ветуваа, гледаме партизација пред квалификација, рече Кузеска, додавајќи дека нема нови кадри или некорумпирани професионалци.

Со назначувањето на в.д. директори, како што истакна, Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Посочи дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој иако е лекар, никогаш не работел во здравството, а на директоркото место во Управата за извршување санкции е назначен Александар Пандов, кој е дипломиран историчар и нема соодветно образование и искуство во областа.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак, како што рече Кузеска, е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претходното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

– ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014. Му се даваат 600 милиони евра во рацете и моќ да раководи со најголемите инфраструктурни и градежни проекти. Иако во исто време, Коце Трајановски е косопственик и управител на фирма чија дејност опфаќа и градежништво, истакна Кузеска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Недозволив молк за најстрашниот скандал со операциите, дали власта се обидува да го заташка?

Костадиновска Стојчевска: За 91 отсто е намален буџетот за инспекторатот за македонски јазик

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Тренчевска: Владата крати пари за најранливите во Буџетот, социјалната заштита под удар

Филипче поставува кадри кои се сметаат за блиски до кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции