Демократските гувернери на Њујорк, Минесота и Мериленд ја поддржаа кандидатурата на претседателот Џо Бајден за претстојните избори во Соединетите Американски Држави.
„Претседателот отсекогаш го имал нашиот грб. Ќе го имаме неговиот грб“, им рече на новинарите гувернерот на Мериленд, Вес Мур, по состанокот со Бајден и потпретседателката Камала Харис во Белата куќа, на кој присуствуваа 24 демократски гувернери, пренесува Ројтерс.
Гувернерката на Њујорк Кети Хочул рече дека сите гувернери ветиле поддршка за Бајден.