Несреќа кај „Богородица“, загина 35-годишен возач на камион

Од:

Едно лице загина, а друго е повредено во сообраќајната несреќа што се случила синоќа 30 минути по полноќ на автопатот од клучка Гевгелија кон Граничниот премин Богородица.

Како што соопштија од СВР Струмица, во сообраќајна несреќа учествувале товарно возило „ман“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.Ј.(35) од село Селемли, општина Богданци и товарно возило „ивеко“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од село Стојаково, исто така од Општина Богданци.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Б.Ј., кој на пат кон Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ им подлегнал на повредите, а смрт констатирал лекар. Другиот возач, С.А., се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница Гевгелија, стои во соопштението на СВР Струмица.

На местото на несреќата увид извршила екипа од ОВР Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Кривична за кумановец вработен во Управата за имотно-правни работи

Полицаец од Струмица зел 500 евра „за мирно решавање тепачка“

Пијан возач удрил пешак во Охрид и побегнал

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници