Поранешниот австралиски тенисер Пол Мекнеми го изрази своето незадоволство поради насловната страница на локалниот „Сандеј Тајмс“.
Карлос Алкараз, минатосезонскиот победник на Вимблдон е на насловната страница.
Исто така, има и натпис: „Кралот Карлос“.
Мекнами, кој четири пати го освојуваше Грен слем турнирот во конкуренција на двојки, смета дека овој потег е израз на непочитување кон Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер и воопшто кон женскиот тенис.
Carlos Alcaraz on the Sunday Times.
“The saviour of tennis (who still lives with his mom)” pic.twitter.com/WipbKpGif7
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) June 30, 2024
„Во пресрет на Вимблдон, иако сум голем фан на Алкараз, ова е непочитување кон двајцата носители над него…Новак Ѓоковиќ, Јаник Синер, како и женскиот тенис“, напиша Мекнеми на Твитер.
Турнирот Алкараз го започнува во понеделник, со мечот против Марк Лајал.
Истиот ден Јаник Синер ќе игра против Јаник Ханфман, додека Новак Ѓоковиќ ќе излезе на терен во вторник кога противник ќе му биде Вит Коприва.