На парламентарните избори во Франција до 17 часот излегле 59,39 отсто од гласачите, што е рекордна излезност во првиот круг од 1978 година, кога одѕивот бил 68 отсто, покажуваат податоците на Министерството за внатрешни работи.
Исклучок се изборите во 1986 година, кои се одржаа пропорционално во еден круг, пренесува БФМ.
Ова претставува значително зголемување во однос на 2022 година, кога излегле 39,42 отсто од гласачите во исто време.