Северна Кореја денеска ги обвини САД дека создаваат „азиско НАТО“ со одржување на заеднички вежби со Јужна Кореја и Јапонија.
Јапонија, САД и Јужна Кореја ги оправдуваат своите воени вежби со напорите за стабилизирање на безбедносната ситуација во регионот, а самите тие де факто создадоа воен блок сличен на „азискиот НАТО“, кој во секој момент може да влезе во конфликт на наредби на Вашингтон, објави Министерството за надворешни работи на Северна Кореја, пренесува Гардијан.
Севернокорејското министерство соопшти и дека по трилатералниот самит на САД, Јапонија и Јужна Кореја во август минатата година, овие земји се договориле во случај на закана против некоја од нив веднаш да соработуваат за заеднички одговор.