Италија бара од Гугл да плати една милијарда евра неплатени даноци и казни, седум години откако американската компанија го реши големиот даночен спор со римските власти, пренесува Ројтерс.
Италијанската агенција за приходи започнала процес против Гугл кој би можел да заврши или со спогодба или со правна постапка.
Истрагата, започната во декември 2022 година, го опфаќа периодот од 2018 до 2022 година.