Укинувањето на балансерот ќе биде во фази

Од:

Укинувањето на балансерот ќе оди во фази. Во првата фаза ќе се вратиме на законските основи на Пописот од 2021 година, а потоа со закон и промена на методологијата ќе одиме кон целосно укинување на алатката балансер при што целосно ќе се почитува темелната вредност на Уставот – соодветна и правична застапеност на етничките заедници, порача денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Нагласи дека со тоа ќе се стави крај првично да се биде од некој етникум, а потоа да се биде професионалец во некоја област и да се има квалитет и образование. Стручноста, додаде, ќе биде пред изборот на етничка припадност.

– Денеска е првата владина седница на којашто ќе бидат разговарани некои основни прашања за функционирањето на Владата. Знам дека граѓаните имаат големи очекувања сите работи да биде направени брзо, но мислам дека за ова е потребна сеопфатна дискусија во рамки на Владата, да видиме кои се начините да не се повреди темелниот принцип на Уставот – соодветна и правична застапеност на заедниците, но во исто време прво да ја гарантираме мериторноста, ефикасноста, квалитетот, образованието и искуството на вработените, а не да го гледаме нивниот етнички предзнак, изјави Андоновски по денешната средба со новинарите.

Посочи дека бројките во дигиталната алатката балансер од денеска веќе се променети за да одговараат на резултатите на резидентното население од Пописот во 2021 година.

– Тоа значи дека лицата попишани во држави во странство нема да бидат дел од дигиталната алатка балансер за вработување во Република Македонија. Времето на балансирање по етнички клуч останува во минатото и сето тоа со почитување на темелните вредности на Уставот, потенцира Андоновски.

Би можело да ве интересира

Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето

Сајбер-напади: Државата нема ниту анализа ниту проценка за ранливоста на институциите

Катерина Ѓуровски

Минчев: Треба да се донесе закон за правична застапеност кој ќе биде долгорочен и применлив

Фатон Ахмети: Со последната одлука на Уставниот суд не е оштетен само „балансерот“ како начин за решавање на правичната застапеност, туку целиот процес

Меџити: Не е проблем законот за правична застапеност да биде испратен до Венецијанската комисија пред да се донесе

(ВИДЕО) Никодиновска: Пред избори едно,после избори полошо, со ДПМНЕ и ЗНАМ балансерот ќе стане закон