Три тела се пронајдени во куќа која изгоре во пожар што доцна синоќа се случи во сараевската населба Широкача.
Оваа информација за Klix.ba ја потврди портпаролката на Обвинителството на кантонот Сараево, Азра Бавчиќ. Како што беше нагласено, станува збор за возрасни луќе. Со оглед на тоа дека истрагата се уште е во тек и дека се утврдуваат околностите на целиот случај, од Обвинителството на Кантонот Сараево не објвуваат детали.
Пожарот избувна синоќа на улицата Жагариќи, а мештаните изјавија дека пред да избие пожарот се слушнале експлозии. На терен веднаш биле испратени противпожарни екипи, полиција, а присутен бил и дежурниот обвинител од Обвинителството на кантонот Сараево.
Поради овој настан целота населба синоќа остана без струја.