Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи.

На повеќе места ќе има појава на невреме со обилен пороен дожд за кратко време (над 30л/м2), грмежи, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи, во делови од котлината во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, грмежи, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Според прогнозите на синоптичарите, до петок ќе се задржи променливо облачно, нестабилно и малку посвежо време со пороен дожд и грмежи.

За време на викендот, времето ќе биде стабилно и потопло, а од понеделник кон крајот на денот повторно се очекува локален пороен дожд и грмежи.

Би можело да ве интересира

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Денеска облачно, кон крајот на денот дожд и снег

Дожд и снег наизменично, температурите продолжуваат да паѓаат

Европа на удар на бури, прекин на летови, возови и фериботови

Горан Наумовски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

Претпладне дожд, попладне снег