Инспекторите за хемиско оружје на ОН се вратија во Сирија

Од:

Експертите на ОН за оружја за масовно уништување денеска се вратија во Сирија со цел да продолжат со својата истрага за употребата на хемиско оружје во оваа блискоисточна земја.

Екипата, предводена од шведскиот професор Оке Селстром, ќе испита над десет тврдења за потенцијални напади со хемиско оружје за време на 30-месечниот сириски конфликт.

Инспекторите немаат задача да определуваат кој е одговорен за нападите, туку само да утврдат дали се случиле.

Експертската мисија вршеше истрага во Сирија и минатиот месец и во својот извештај доставен до генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун констатира дека хемиско оружје се употребувало во земјата во голема мерка.

Според извештајот, во ноќта меѓу 20 и 21 август во близина на Дамаск бил употребен отровниот гас сарин. При претставувањето на извештајот, Оке Селстром потенцира дека тоа е „само еден од повеќето вакви напади“.

Според шефот на експертскиот тим, конечниот извештај со резултатите од истражувањето на сите сомнителни случаи на хемиски напади ќе биде подготвен веројатно на крајот на октомври. 

Би можело да ве интересира

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ