Екипа на Итната медицинска помош од Скопје е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода. За ова е добиена пријава на телефонот 112 во 11:22 часот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје. Лифтот паднал најмалку од приземје во подрум. Во него имало екипа на Итната медицинска помош. Најмалку четири лица биле во лифтот во моментот на падот, а пациент немало, бидејќи екипата била на констатација на смрт, прецизираат од ЦУК.
Претходно ЦУК информираше дека во лифтот е заглавена екипа на Итната помош заедно со пациент