Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Од:

Украина и Молдавија официјално ги започнаа пристапните преговори со Европската Унија денеска во Луксембург на две одделни меѓувладини конференции за пристапување.

Првите меѓувладини конференции за пристапување следеа по одлуката на Европскиот совет минатиот декември и усвојувањето на преговарачката рамка минатата недела.

Преговорите прво ги отвори Украина, а веднаш потоа и Молдавија.

Европската страна на меѓувладината конференција ја претставуваа белгискиот министер за надворешни работи Хаџа Лахбиб и комесарот за проширување Оливер Вархелеи.

Отворањето на преговорите го поздрави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„Многу е добра вест што Европската унија денеска ги отвора пристапните преговори со Украина и Молдавија“, рече фон дер Лајен во видео пораката.

Советот на ЕУ ја покани Комисијата да продолжи да го анализира степенот на усогласеност на Украина и Молдавија со европските стандарди и да ги идентификува прашањата кои најверојатно ќе се појават во преговорите, почнувајќи од основниот кластер поврзан со правдата и внатрешните работи, кој според методологијата за преговори прва се отвора, а последната се затвора.

Белгиското претседавање со Советот на ЕУ успеа во намерата да ги отвори преговорите до крајот на својот мандат, а пред Унгарија да го преземе претседавањето, што, благо кажано, не гледа благонаклонето на пристапот на Украина кон ЕУ.

Би можело да ве интересира

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски

Нова ескалација: САД одлучија, можете да нападнете со „Storm Shadow“

Блумберг: Украина лансираше британски ракети кон Русија

САД испраќаат голем пакет помош за Украина