Дел од зградата на кенискиот парламент во Најроби денеска беше запален за време на демонстрациите на илјадници луѓе незадоволни од новиот финансиски закон кој предвидува воведување нови даноци.
Демонстрантите, кои бараа пратениците да гласаат против законот, извикуваа: „Доаѓаме по секој политичар“, додека полицијата употреби боева муниција и фрлаше солзавец кон незадоволните граѓани.
Новинарите пријавиле дека виделе најмалку три неподвижни тела на локацијата каде што полицијата отворила оган, пренесува АП.