Лидерите на земјите-членки на Европската Унија успеаја да се договорат за назначувањето на Урсула фон дер Лајен на функцијата претседател на Европската комисија, тврди германската агенција dpa.
Без разлика што првично против беа лидерите на земјите од ЕУ како Унгарија и Италија, тие успеаја да се договорат и да и дадат можност на Фон дер Лајен за втор мандат на оваа позиција.
Претходно, на неформалниот состанок одржан минатата недела во Брисел не е постигнат договор меѓу лидерите на земјите членки на ЕУ.
Потоа беа договорени и други назначувања, како Антонио Коста како замена за Шарл Мишел за претседател на Европскиот совет, Роберта Мецола за нов мандат како претседател на Европскиот парламент, како и Каја Калас како замена за Хосеп Борељ како ЕУ, Високиот претставник за безбедност и надворешна политика.
Се треба да биде официјализирано на формалната средба на лидерите на ЕУ што ќе се одржи во Брисел на 27 јуни, а потоа Европскиот парламент ќе гласа за именувањата, каде се очекува Фон дер Лајен да ја има потребната поддршка.