Шестмина од обвинетите во случајот „Синџир“ прзнаа вина и се спогодија со Обвинителството

Од:

Шестмина од обвинетите прзна вина се спогодија со Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и нема да бида дел од судскиот порцес информираше во пресрет на почетокот на процесот ОЈО ГОКК. Изречени им се осудителни пресуди.

Со спогодбите, кои биле прифатени од судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, на шестмината обвинети им се изречени условни казни, а во буџетот на државата се вратени безмалку 1 милион евра велат од Обвинителството.

Во случајот „Синџир“ со истрагата беа опфатени 26 лица, сопственици и управители на 28 фирми, осомничени дека создале шема за даночно затајување, преку која со издавање на фактури со ДДВ за наводно извршени набавки, кои не постоеле, го оштетиле државниот буџет за околу 8 милиони евра.

Сите шестмина кои признале вина и се спогодиле беа обвинети за кривичните дела злосторничко здружување од член 394 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик (КЗ) и даночно затајување според член 279 ства 2 во враска со ства 1 од КЗ.

На двајца од овие осомничени на товар им се ставаше и кривичното дело перење пари и други приноси од казниво дело, според член 273 став 1 од КЗ.

„Станува збор за лицата Д.И., Ѓ.Л., В.У., Е.М., Р.П. и Х.К. на кои со спогодбата им се изречени условни затворски казни од една година до две години, доколку во наредните од три до пет години не сторат друго кривично дело. Единствено на В.У. му е изречена ефективна затворска казна од една година. На четворица од обвинетите (Д.И., Ѓ.Л., Е.М. и Х.К.) им се изречени парични казни од по 183.900 денари, односно околу 3.000 евра, додека останатите двајца (В.У. и Р.П.) се казнети со по околу 5.000 евра. Во однос на шесте фирми со кои е постигната спогодба, на три од нив судот им изрекол парични казни од по 500 000 денари или околу 8.000 евра, една фирма е казнета со еден милион денари, додека една од останатите е казнета со идентична сума, а другата со 400.000 денари или 6.500 евра“ информираат од ОЈО ГОКК.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Тетово и во Охрид, има приведени

Катерина Ѓуровски

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

„Се шпекулираше дека ова столче е резервирано за ДУИ, тажно да се каже, но реалноста е таа“, истакнати правници за изборот на Абази

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Слики со Абази и челници на ДУИ испливаа во јавност, иако тој тврдеше дека нема контакт со никој од партијата

Кристијан Ландов

(ВИДЕО) Абази за блискоста со Ахмети: Можеби сме се сретнале, дружењето со такви личности не е забрането

Кристијан Ландов