На „Табановце“ за влез во земјава се чека до 30 минути

Од:

На граничниот премин „Табановце“ се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ воедно потсетува дека од денеска е поставен времен сообраќаен режим на регионалниот пат Р1109, делница Понов мост – влез во Богданци, поради реконструкција со проширување.

Би можело да ве интересира

На „Табановце“ и „Богородица“ за влез во државава се чека повеќе од еден час

Тошковски и Дачиќ: Има решение за метежот на граничниот премин во летната сезона

На „Табановце“ е уапсен осомничениот за убиството во Кочани

Горан Наумовски

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На „Табановце“ за излез од државата се чека околу 40 минути

На „Табановце“ се чека околу 20 минути