Филе утре во Њујорк на средба со Попоски и другите министри од Западен Балкан

Од:

Комесарот за проширување на Европската унија, Штефан Филе, утре во Њујорк, во рамки на неговиот престој за време на Генералното собрание на Обединетите нации, ќе одржи работен ручек со министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан, меѓу кои и македонскио шеф на дипломатијата Никола Попоски.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Филе, кој во понеделникот се сретна со Метју Нимиц, медијаторот на ОН во преговорите меѓу Македонија и Грција за решавање на наметнатиот спор за македонското име, се очекува да го заврши престојот во САД со средба со министрите од земјите кои се во процесот на проширување.

Утрешниот работен ручек на комесарот за проширување со шефовите на дипломатиите од земјите од Западен Балкан, денеска за МИА го потврди и неговиот портпарол Петер Стано, не прецизирајќи што ќе биде темата на средбата. Се очекува да стане збор за пристапниот процес на Република Македонија и останатите земји од регионот кон Унијата, во пресрет на претстојниот прогрес-извештај што Европската комисија на 16-ти октомври ќе го издаде за Македонија и останатите кандидати и потенцијални кандидати за членство.

Би можело да ве интересира

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Москва: Трамп се обидува да ја реши украинската криза, Европа го продлабочува конфликтот

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува голем пресврт: Украина, Албанија, Молдавија и Црна Гора на списокот за забрзано членство, за останатите соработка во вселенската индустрија

Предраг Петровиќ