Силно невреме со град кој направи штети ги зафати попладнево Босна и Херцеговина и Србија. Предупредување за силен дожд и ветер е издадено и во Хрватска.
Во БиХ според објавите на социјалните мреж и во медиумите градот бил со големина на тениско топче. Оштетени се автомобили.
Градовите и регионите меѓу Бањалука, Тузла и Брчко, како и поширокото подрачје на Бијелина се на удар на невремето.
Овој олуен систем се движи кон Хрватска, а најсилно ќе биде погодена Славонија.
Силен град ја погоди Србија. Најпогодено беше во градот Крупањ, во близината на границиата со БИХ, јавија српските медиуми.
Силно невреме е најавено за утре во Македонија, особено во попладневните часови.