ВИДЕО: Принцот Вилијам се раскока и запеа на концертот на Тејлор Свифт

Од:

Тејлор Свифт го започна лондонскиот дел од нејзината турнеја Ерас на распродадениот стадион Вембли во петокот вечерта, а на концертот присуствуваше и принцот Вилијам.

Тој штотуку го прослави својот 42 роденден на концертот на Тејлор Свифт, а со себе ги донесе и децата, додека Кејт не беше со нив.

@kkinldn Shake it off Prince William #princewilliam #erastourtaylorswift #erastour #whiteclawuk ♬ original sound – KK

На снимката од самиот концерт јасно се гледа како Вилијам во еден момент ужива во ритамот на песната на Тејлор „Shake it Off“, како што можете да се види, принцот Вилијам е прилично опуштен, и покрај сите проблеми со кои се соочува кралското семејство, вклучувајќи ја и болеста на неговата сопруга, исто така и на неговиот татко, кралот Чарлс.

„Вилијам заслужува да се опушти бидејќи имаше тешка година“, е еден од безбројните коментари за однесувањето на Вилијам.

Но, имаше и такви кои се прашуваа како е можно принцот да си игра толку лежерно, додека неговата сопруга се соочува со тешка болест и терапија.

Недолго потоа, беше споделено селфито на Тејлор Свифт и членовите на кралското семејство – принцот Вилијам, принцезата Шарлот и принцот Џорџ.

Би можело да ве интересира

Маскирани крадци влегоа во замокот „Виндзор“ додека Кејт и Вилијам со децата спиеја во близина

А1он

(ВИДЕО) Трамп со Тејлор Свифт: Вештачката интелигенција создаде хаос

Горан Наумовски

Драстичен пад на популарноста поради поддршката на Камала Харис

Предраг Петровиќ

Трамп призна: Ја мразам Тејлор Свифт!

A1on

Тејлор Свифт е најнаградуваниот уметник во историјата на MTV VMA наградите

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски