Филипче: Привилегирани поединци на сметка на запоставување на мнозинството членови нема да има

Од:

„Партијата мора да ги штити членовите и да ги вреднува сите подеднакво. Не смее да се дозволат привилегии на поединци на сметка на запоставување на мнозинството. Недозволиво е мал број луѓе да го окупираат времето на цело раководство и затоа ќе направиме систем во кој секој ќе може да има пристап и глас. Ова доликува на демократска партија која е свесна дека кредибилитетот го добива пред сè од своите членови“, истакна д-р Венко Филипче при вчерашната посета на општинските организации на СДСМ во Тетово и Гостивар во рамки на неговото претставување пред членството на партијата како кандидат за претседател на СДСМ.

Филипче уште еднаш се заложи дека професионализмот и посветеноста ќе бидат единствен критериум за напредување во партиските структури со што СДСМ ќе се професионализира и ќе функционира како ефикасна организација.

„Професионалноста, трудот и посветеноста на секој член на раководството и телата на СДСМ ќе биде прв критериум за избор на кадрите. СДСМ мора да се професионализира до мера да функционира како ефикасна организација каде секој знае што работи и какви одговорности има. Како претседател ќе се потпирам на вистински професионалци, посветени социјалдемократи кои се спремни во две смени да работат во партијата, а јас лично ќе водам со пример“, рече Филипче.

Тој денеска ја продолжува својата кампањата и средбите со членовите на СДСМ во Битола и битолско.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Краците на Орбан и Вучиќ коишто водат до Мицкоски ќе се демонтираат

(ВИДЕО) Кузмановска: ВМРО удри и по студентите, се намалуваат стипендиите, поскапува сместувањето во студентските домови

СДСМ: Владата бега од европските стандарди и реформите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче продолжува со политиките на отстапки кон Бугарија

СДСМ: Мицкоски раскажува бајки – Македонија е шеста најсиромашна земја во Европа

Филипче најави „Фронт за вистина и правда“

Катерина Ѓуровски