Апасиев: Требало да пишете Република Север(и)на Македонија оти го „издупивте“ народот

Од:

Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев денеска од собраниската говорница изјави дека ја прочитал програмата на новата Влада 2024-2028 и, како што рече, тоа се „најзалудно потрошени четири часа од мојот живот“.

-Зошто кога сте на власт сега да не ни ги прифаќаат амандманите со С. Македонија. Во три реда на пет места има Република Северна Македонија. Барем да се обидевте, како ние, да протневте Република С. Македонија. Сте требале да додадете и едно „и“ и да биде Република Северина Македонија оти го изд**ивте народот за тоа што му ветувавте, кажа Апасиев, замерувајќи што идниот мандатар Христијан Мицкоски во поднесокот за нова Влада до Собрание, повеќе пати го споменал уставното име на земјата.

Апасиев смета дека новата владеачка партија „става погрешни луѓе“ во ресорите.

-Секогаш кога ВМРО-ПМНЕ се на власт имаат најголеми влади – гломезна влада, африканска влада. Во неа имате голем број вицепремиер и само три жени. Сите сте глумци во Владата. Имате и еден косовски шпион во Владата и веднаш ќе му реферира на Курти, рече меѓу другото пратеникот од опозицијата.

Според него, во програмата има само десетина добри работи и сите се препишани од Левица.

-Се воведува „мицковизам“. Имате бугараши, бранковисти, михајловисти, но од „Дража михајловизам“…, коментираше Апасиев на денешната собраниска седница за избор на новата влада.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Апасиев до Мицкоски: Се надевам не сте поднапиен во овој момент

А1он

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

Јавна расправа на Уставен: Апасиев обвинува за политичка дискриминација, Џафери тврди дека станува збор само за пропуштен рок

Катерина Ѓуровски

Верификувани мандататите на новите пратеници

Собранието ќе ги пополни местата на пратениците кои станаа министри