Како последица на прекинот на струја во Сараево, дојде до сообраќаен колапс на бројни раскрсници, како и некои други проблеми. Полициски службеници се распоредени на повеќе од 20 раскрсници во Сараево.
Досега нема пријавено сообраќајни незгоди поради нефункционирање на семафорите.
Одреден број граѓани останаа заглавени во лифтовите, а пожарникарите работат на решавање на проблемот. Исто така, компаниите задолжени за одржување на зградите се вклучени во спасувањето на заглавените граѓани.
Трамвајскиот сообраќај не функционира, а возат само автобусите.