Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди јужниот грчки остров Крит.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил на 25 километри југозападно од Палеохора во префектурата Ханија.
Земјотресот се случил на длабочина од 9,4 километри, пренесува Катимерини.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета