Маскирани напаѓачи убија седум млади луѓе на сред плоштад во град на североистокот на Бразил. Локалниот телевизиски канал Verdes Mares емитуваше снимка на која се гледаат како убијците водат девет млади на плоштадот Кловис Бевилакуа во градот Викоза до Сеара со рацете на главите и наредени еден до друг. Две лица ги преживеале рафалите и биле префрлени во општинската болница Викоза.
Uma chacina na cidade de Viçosa do Ceará, deixou sete motos e dois feridos. #BrasilUrgente #Bandjornalismo pic.twitter.com/DcozamG5dt
— Brasil Urgente (@brasilurgente) June 20, 2024
Жртвите биле гости на блискиот бар кога напаѓачите дошле со неколку возила во четвртокот околу 3 часот по полноќ. Се уште не е јасен мотивот за масакрот.
Жртвите биле на возраст меѓу 16 и 29 години.
Marcas da violência na Praça Clóvis Beviláqua, após a morte de sete jovens em chacina na madrugada de hoje (20), em Viçosa do Ceará – CE. pic.twitter.com/Q2Qxu4JCfk
— Câmera Urgente (@CameraUrgente) June 20, 2024
Викоза до Сеара е град со околу 60.000 жители кој се наоѓа на 350 километри од главниот град Форталеза. Сеара е една од најсиромашните и најнасилните држави во Бразил со стапка на убиства од 35 на 100.000 жители.