Бектеши: Очекувам наредната влада да ја ревидира одлуката за да нема зголемување на цената на електричната енергија

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши смета дека нема да поскапи електричната енергија од 1 јули и вели дека очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука што нема да биде на товар на граѓаните, а покрај тоа очекува и новата влада да ја ревидира одлуката на техничката влада со која е зголемена цената по која ЕСМ ја нуди струјата на универзалниот снабдувач и е намален процентот на покривање на потребите регулираниот пазар.

– Министерството за економија секогаш има намера да има што пониски трошоци кои директно влијаат врз животниот стандард на граѓаните. Имавме став дека ЕСМ треба да покрива 100 отсто од потребите на универзалниот снабдувач, но тој став не се прифати во владината одлука. Во делот на цената и во делот на процентите ставовите се носат на затворена седница на Владата и јас немам право да ги кажувам јавно, но приближно се тие што се знаат во јавноста. Очекувам Регулаторната комисија за енергетика, која е независна институција, да донесе соодветна одлука што нема да биде на товар на граѓаните, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција на која даде отчет за сработеното во изминатите седум години.

Дополнително, посочи, вчера или завчера го слушнав мандатарот Мицкоски и имајќи ги во предвид фактите очекувам дека наредната влада ќе ја ревидира одлуката се со цел да нема зголемување на цената на електричната енергија.

-Согласно со тоа што го забележав во нивната програма во енергетскиот сектор има мерки кои се во тек и кои ние како Министерство во континуитет сме ги подржувале и сум убеден дека ако на добар начин се имплементираат таквите мерки може од 1 јануари да има и намалување на цената на електричната енергија.

ЕСМ на тендерот на универзалниот снабдувач понуди цена од 60 евра за мегават час и покривање на 85 отсто од потребите на регулираниот пазар. Досега на универзалниот снабдувач му ја продаваше електричната енергија по 57 евра за мегават час и покриваше 100 отсто од потребите на регулираниот пазар.

Би можело да ве интересира

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски

ДУИ: Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за компаниите

Не коментирам изјави на политички маргиналци, вели премиерот Мицкоски

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја

Бектеши ја оценува кривичната пријава како политичко заплашување, ја објави пораката што ја испратил