Унгарија наскоро ќе го преземе претседавањето со ЕУ, нивната парола е копија од слоганот на Трамп

Од:

„Make Europe Great Again“ ќе биде официјалниот слоган на унгарското претседателство со Советот на Европската Унија. Белгија во моментов претседава, а Унгарија ќе ја преземе таа улога на 1 јули.

Унгарија го откри слоганот и новото лого во видеото објавено на Х вчера. Слоганот е копија на слоганот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој претходно го пофали унгарскиот премиер Виктор Орбан, пишува CNN.

Трамп го угости унгарскиот моќник во Мар-а-Лаго во март, истакнувајќи дека двајцата останале во контакт откако тој ја напушти Белата куќа во 2021 година.

„Нема попаметен или подобар лидер од Виктор Орбан. Тој е фантастичен“, изјави тогаш Трамп пред публиката собрана на концерт во одморалиште на Флорида.

Логото на унгарското претседателство е инспирирано од „светски познатиот унгарски изум, Рубиковата коцка“, кој оваа година слави 50-годишнина. На едната страна од коцката е знамето на Унгарија, а на другата е знамето на Европската Унија.

Ова не е прв пат Унгарија да го копира вокабуларот на Трамп. Орбан ја одржа третата годишна Конференција за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Будимпешта во мај. Во својот воведен говор, Орбан ја поддржа кандидатурата за реизбор на Трамп и го искористи слоганот неговиот слоган, велејќи: „Да ја направиме Америка повторно голема, да ја направиме Европа повторно голема!“

По тој повод Трамп испрати однапред снимена видео порака во која го нарече Орбан „голем човек“ и ги поздрави „толку многу патриоти во Унгарија кои гордо се борат на првите линии на битката за спас на западната цивилизација“.

Би можело да ве интересира

Сијарто: Не пристигна подобра понуда за замена на руската енергија

(ВИДЕО) Легендарниот Унгарец колабираше и почна да се тресе – натпреварот од Лигата на нации веднаш беше прекинат

Горан Наумовски

Орбан: САД предводени од Трамп ќе ја напуштат војната во Украина

Орбан: Полската влада беше инсталирана од ЕУ, истото сценарио сега функционира и во Унгарија

Виктор Орбан: Европската Унија се обидува да ја собори владата во Унгарија и да инсталира марионетска влада

Горан Наумовски

Средба Николоски – Лазар, тема брза пруга на Коридор 10 и квалитетно поврзување на Скопје со Будимпешта