А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Левица: Тарифата на нотарите енормно зголемена – партиите на власт со нов удар по џебот на граѓаните

by А1он18/06/2024 - 13:2218/06/2024 - 13:24508
Share0

Министерот за правда во заминување, Кренар Лога, неколку дена пред напуштање на функцијата која ја извршуваше катастрофално и со секојдневни скандали, зададе нов удар на сè посиромашните граѓани на Република Македонија, зголемувајќи ја за два до три пати и без тоа веќе високата нотарска тарифа! Ова зголемување доаѓа по претходно мислење од Нотарската комора и добиена согласност од корумпираната техничка Влада составена од министри на ДУИ, СДС и ДПМНЕ, велат од Левица.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Почнувајќи од 1 септември, трошоците на граѓаните за составувањето на задолжителни нотарски акти, отсега ќе изнесуваат најмалку високи 8000 денари! За споредба, досегашниот минимален надомест за нотарски акти изнесуваше 800 денари, што претставува ДЕСЕТКРАТНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ на трошоците за нотарски акт од мала вредност.

Истовремено, дури и едностраните правни исправи во форма на нотарски акт поскапуваат повеќе од тројно, од досегашните 400 денари на 1300 денари. Воедно, повеќето заверки на документи, кои за граѓаните се товар кој мора да го понесат за завршување и на најмала бирократска работа и процедура, отсега ќе се наплаќаат од страна на нотарите двојно поскапо!

Ова претставува уште едно во низата поскапувања кои го отежнуваат секојдневното живеење и функционирање на граѓаните, а е наметнато од владејачките партии кои наместо да го штитат животниот стандард на граѓаните, ги застапуваат интересите на различни лоби – групи, го отежнуваат пристапот до правни услуги на безимотните и го продлабочуваат класниот јаз.

Следете a1on на Youtube YouTube

#Левица принципиелно се залага за олеснување на пристапот до правда во македонското општество и прилагодување на трошоците на граѓаните, согласно реалните економски прилики во државата. Левица ќе се заложи за преиспитување на ваквата одлука и во прва можност во Собранието ќе побара од новиот министер за правда и од Владата да ги намалат трошоците на граѓаните за нотарските услуги, имајќи го предвид нискиот стандард на живот и застапувајќи ги интересите на сиромашните и безимотните класи – тврдат од партијата.

levicanotari

Би можело да ве интересира

Левица: ВМРОвскиот закон за студентски стандард со каталог на заострени казни го штити системот од студентите

Горан Наумовски23/07/2026 - 15:10

Левица: Клековски ги искара професорите и докторите додека ВМРОвски аматери, вклучувајќи го и него, го водат јавното здравје

Горан Наумовски22/07/2026 - 19:34

Левица: Гостивар е цената што ја плаќаме за партизирана држава

Горан Наумовски22/07/2026 - 17:50

Левица: На гостиварци им течел отров од чешмите, институциите потфрлиле

Катерина Ѓуровски21/07/2026 - 10:03

Левица: Недозволиво е Мицкоски да ја сведува државната реакција на флаширана вода и префрлање одговорност за Гостивар

А1он20/07/2026 - 15:11

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски19/07/2026 - 12:2919/07/2026 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео