Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека верува оти многу брзо ќе се донесат одлуки за највисоките позиции во Европската Унија (ЕУ), вклучувајќи го и реизборот на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија (ЕК).
– Сега многу брзо ќе се донесат одлуки за најважните позиции што треба да се пополнат за да може ЕУ да функционира, изјави Шолц во интервју за медиумите на компанијата „Аксел Спрингер“.
Шолц, која јавно не ја поддржа фон дер Лајен, рече дека „има сите индикации“ дека таа ќе може да добие втор мандат како претседател на ЕК.