Припадниците на сомалското исламистичко движење Ал Шабаб ги отфрлија тврдењата дека жени се вмешани во нападот во трговскиот центар во Најроби, по шпекулациите дека во него учествуваше Британката, Саманта Лутвејт, позната како „бела вдовица“.
Ал Шабаб на својата страна на „Твитер“ напиша дека ги негира тврдењата дека некоја жена учествувала во нападот на „Вестгејт“ во кениската престолнина.
-Имаме доволно млади момчиња кои што целосно се посветени за вакви воени операции, не ангажираме свои сестри-наведе Ал Шабаб во пораката.
Светските медиуми вчера напишаа дека постои можност во опсадата на трговскиот центар да учествувала и вдовицата на бомбашот-самоубиец, кој загина во напад на лондонско метро во 2005 година.
Групата која што ја презеде одговорноста за нападот, наведе дека соработува со Лутвејт, но дека таа не била помеѓу напаѓачите во Најроби.
Елена Георгиевска