Ројтерс: Германија ја спречи ЕУ да се договори за нов пакет санкции против Русија

Од:

Европската Унија не успеа да постигне договор за 14-тиот пакет санкции против Русија, откако Германија изрази резервираност за влијанието на клаузулата врз подружниците и партнерите од трети земји врз германската економија, изјавија европски дипломати за Ројтерс.

Официјални лица од 27-те земји на ЕУ повеќе од еден месец дебатираа за пакетот санкции што вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас и план операторите на ЕУ да бидат одговорни за прекршување на санкциите од страна на подружниците и партнерите во трети земји.

Како дел од пакетот санкции, ЕУ, исто така, требаше да им забрани на бродовите кои придонесуваат во воените напори на Русија да влезат во нејзините пристаништа.

Амбасадорите на ЕУ синоќа требаше да разговараат и да одлучуваат за ова прашање, но темата за санкциите во последен момент беше повлечена од дневниот ред на состанокот.

Следната средба на амбасадорите е закажана за в среда.

Унгарија очигледно била подготвена да прифати 14, пакет санкции против Русија, наведува британската агенција.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа војници на прагот на Русија за прв пат по Втората светска војна

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година

Новата германска влада подготвува казна за Орбан

ЕУ: Безусловно повлекување на руските сили од Украина, предуслов за укинување на санкциите

Кина подготвува уште посилен удар за Западот

Горан Наумовски

Германскиот парламент почнува со работа, АфД за прв пат најсилна опозиција