Таравари: „Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во Европската унија“

Од:

Претседателот на Алијснса за Албанците, Арбен Таравари, заедно со пратениците Халил Снопче и Мимоза Муса остварија средба со заменик министерката за надворешни работи на Република Грција, Александра Пападополу, и амбасадорката на Република Грција, нејзината екселенција Софија Филипиду.

На средбата, страните се согласија за важноста на имплементацијата на меѓународни договори кои веќе се усвоени, и покрај тоа што во двете земји има одредени кругови кои не се согласуваат со тие договори, нивното спроведување треба да биде задолжително.

Претседателот Таравари нагласил дека Северна Македонија нема друга алтернатива освен влез во ЕУ, а новата влада максимално ќе се посвети на европскиот пат и на зајакнување на односите со Република Грција, како мошне важен партнер на Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Сакаме добрососедски односи со Северна Македонија, но не толерираме селективно усогласување со меѓународното право

Герапетритис: Доколку Северна Македонија продолжи со оваа политика, имаме средства за дополнителен притисок

Државниот врв во Северна Македонија систематски го крши Преспанскиот договор, Грција ги повторува обвинувањата

Катерина Ѓуровски

САД: Ќе работиме со Северна Македонија и Грција да го одржaт Договорот од Преспа

Мицотакис: Грција нема да ги открие оружјата што ѝ се на располагање доколку соседната земја продолжи со актуелната тактика

Мицотакис ќе го отвори прашањето за непочитување на Преспанскиот договор на самитот на НАТО, нема потврда за средба на премиерите